Спонзорирано од Vip
Handmaid’s Tale сега достапна на HBO OD

 

Мора да ја гледаш.

Само внимавај. Мора да бидеш претпазлива и паметно да ја дозираш, затоа што во споредба со Handmaid’s Tale, Black Mirror изгледа како Chupa Chups со вкус на јагода.

Handmaid’s Tale не е хорор. Таа е пострашна од било кој хорор. Приказната е базирана на истоимената книга од Margaret Atwood, издадена во 1985та, и доаѓа обвиткана во црвени наметки, бели качулки и во твоите најлоши кошмари.

Серијата досега има цели 2 сезони, од кои втората беше завршена во април оваа година, а продуцентите само што соопштија дека во припреми е трета. Објавена во совршениот момент, во свет во кој сме повеќеаголно опкружени од тоталитарни режими, во кои никакви правила на логика не функционираат, Handmaid’s Tale нуди приказна која пополека, со раширени раце за баланс, чекори на границите помеѓу дистопија и реалност.

Тоа што ја прави страшна е истото тоа што прави да ја обожаваш и истовремено да се гадиш од неа – тоа што е реална. На моменти дури ќе се запрашаш: Вреди ли оваа агонија, за да продолжам со гледање? Набрзо ќе сфатиш дека вреди.

 

Handmaid’s Tale сега достапна на HBO On Demand само со Vip Комбо

 

Приказната на серијата е сместена во блиска иднина, во дистописка земја наречена Gilead, во која општата неплодност на жените доведува до промени во политичкиот и социјален систем. Оние малкуте жени, кои сè уште можат да имаат деца, се третирани како „стока“, наречени „Handmaids“ и подавани од една на друга моќна фамилија за насилно да ја вршат функцијата на сурогат мајки.

Пробував да избегнам секакви споилери, но морав да ги споделам бар основите на приказната. И онака, ова се само базичните информации кои ќе ги дознаеш во првите 2 минути од гледањето. Тоа што ја прави серијата феноменална не е неочекуваните пресврти (кои дефинитивно ги има и се одлични), туку константната стегнатост која те тера да вриштиш.

Ова е приказна за фашистичка контрола, која како и секој фашистички бран, доаѓа на прсти од позади грб, пополека и неприметно. Сè додека во еден момент не преземе целосна контрола, создавајќи општество кое претходно никогаш не си можела да поверуваш дека е возможно да постои.

Но фашистички, тоталитерални режими постојат. Постоеле, биле подеднакво (ако не и појезиви од било која дистописка серија), и ќе продолжат да постојат. Сè што се случува во оваа серија некогаш се случило во историјата. Живееме во свет во кој Donald Trump како претседател на САД е само една од најбаналните нелогичности со кои се соочуваме.

Дали серијата ќе ги разубеди хомофобите и фашистите ширум глобусот? Секако дека нема. Но дали вреди да ја гледаш, да се набилдаш со активистичка енергија и позитивна параноја? Дефинитивно!

 

Оцена
4.8Оцена
Reader Rating 12 Votes

Comments

comments