Мултимедијалниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ овој петок ќе ја промовира својата графичка новела „Хашиш“ по текст на Henri Michaux. Настанот ќе се оддржи во галеријата на МКЦ, со почеток од 20 часот.

Во склоп на промоцијата ќе има и изложба на која ќе може да се види целиот процес на изработка на новелата, односно селекција на цртежи, развојни фази на книгата, решенија за корица како и фонтот што специјално е изработен за ова дело.

 

 

Новелата е базирана на записи, односно дневник што Henri Michaux го водел додека експериментирал со хашишот. Инаку, Henri Michaux е белгиски поет, писател и сликар кој се занимава со „внатрешниот свет“ на човечките соништа и кошмари. Во еден период од неговото творештво, тој користел дроги, особено мескалин, за да достигне состојба на поголема чувствителност што би влијаела врз неговата уметност.

Графичката новела „Хашиш” е седма книга од стрип-едицијата „Лифт” на издавачката куќа Темплум.

 

Comments

comments