На 23-24 септември во Градски парк, поточно терени Работнички, ќе се одржи третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Оваа година, покрај промената на локацијата – на отворено, третото издание на овој настан ќе ја понуди и најбогата програма до сега, преполна со активности.

Значајна вест е тоа што активностите ќе бидат распоредени на четири сцени на кои паралелно ќе се одвиваат активностите – Health Center, Fitness Stage, Wellness Zone и Kids Corner, како и еден анимациски дел со натпреварот Obstacle Course.

Ако не сте сигурни кога да дојдете, едно нешто на што задолжително треба да се појавите е СПИНИНГ шоуто во сабота, на 23ти септември, во 12 часот, на Fitness Stage, кое ќе го спроведе единствениот лиценциран центар за Spinning ®, генералниот спонзор на настанот – Sport In. Не пропуштајте да видите колку минути спининг се потребни за 50 ml цеден сок!

Уште нешто што особено ќе ја одбележи оваа сцена, е големиот тренинг, во чест на прерано починатата пилатес инструкторка и поранешна балерина – Ирина Митевска. Со својата кариера, Ирина ги постави темелите на пилатесот во Македонија и стана синоним за оваа дисциплина.

Студиото PowerHouse Pilates ја продолжува нејзината мисија во градење на здрави навики и активен живот, па баш поради тој факт упатуваат отворена покана до сите вежбачи и инструктори во сабота, на 23ти септември, во 18:15 часот заедно да и оддадат почит со еден енергичен пилатес час со тимот на PowerHouse Pilates.

 

 

Health, Fitness & Wellness Expo е настан за целото семејство, па така, Kids Corner-от ќе изобилува со многу интересни и разновидни активности, а најдобрите едукативни и спортски центри за деца, ќе одржат едукативно-забавни активности и натпревари за најмладите.

И оваа година ќе има многу награди! Традиционално ќе се одвива натпреварот Scavenger Hunt, а новитет ќе биде натпреварот со пречки, Obstacle Course, кој ќе бара од натпреварувачите поголема физичка активност и ќе им постави разни предизвици. Двата натпревари ќе понудат над 60 вредни награди за учесниците, па не испуштајте да се забавувате и да освоите нешто.

Сите овогодинешни изложувачи (над 40) се од областа на здравјето, фитнесот и велнесот, кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања кои можете да ги погледнете тука.

Влезот за настанот ќе чини 50 денари, а за деца до 12 годишна возраст влезот е бесплатен. Бесплатен ќе биде влезот и за сите оние кои ќе дојдат на настанот со велосипед.

За сите дополнителни информации и детали за активностите, изложувачите и учесниците на #HFWExpo3 следете ја Facebook фан страната и официјалниот настан.

 

Comments

comments