Ако сте фан на здрав и активен животен стил или сакате да воведете нови навики, посетете го четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo кое ќе се оддржи на 22-ри и 23-ти септември.

Организаторите најавуваат програма со бесплатни производи, козметички и здравствени третмани, отворени тренинзи, демонстрации, натпревари со вредни награди, консултации со стручни лица, промоции и попусти и многу други активности.

Годинава отворањето ќе биде проследено со големо slackline шоу во соработка со Sport Inn. Исто така, за прв пат во Македонија се организира и меѓународен турнир во Street Workout, во соработка со Champions House. За оние пак кои не се пронаоѓаат во конкретни спортски дисциплини организаторите најавуваат и голем натпревар во улични награди: издание Народна. А за најмладите, детско катче во кое низ забава и интерактивни работилници ќе може да развиваат здрави навики.

Освен вело-френдли, настанот ќе биде и еко-френдли, па за „влезница“ ќе се признаваат велосипеди, но и пластични шишиња, хартија или картон, или барем две искористени батерии, бидеќи на настанот ќе се селектира и отпад за рециклирање.

Официјалната програма ќе биде објавена накоро. За повеќе информации следете ги официјалната Facebook фан страна и настанот на Facebook.

 

Дел од последниот Fitness & Wellness Expo:

 

Comments

comments