Фотографии: Јане Николоски

 

Hellthy“ (познато и како „Healthy as Hell“) е едно од оние маалски места, кои иако се наоѓаат во центарот на Дебар Маало, можеби си поминал пред нив мал милион пати, а не си им го посветил вниманието кое го заслужуваат.

Локалот, како и неговата филозофија, не е гласен. Ова е тивко, хармонично место, предводено од „мама и тато“, скриено зад многуте паркирани автомобили на тротоарот на бул. Орце Николов.

Но овој сетинг, добар или лош, е токму една од најсимпатичните карактеристики на местото. Кога за првпат го забележав, се почувствував како да сум открил некоја маалска тајна. И во право бев, навистина беше откритие.

 

 

„Hellthy“ се наоѓа близу до нашата канцеларија, неговото работно време до 16.00 часот одлично одговара на место за пауза, па може да се каже дека изминатите неколку месеци го посетувам скоро секој ден. И иако ми се допаѓа тоа што е добро скриено и не е само уште еден „скопски тренд“, сепак е Reborn-должност да ги споделиме ваквите добри откритија, дури и кога доаѓаат со ризик дека со зголемување на популарноста ќе се променат и ќе ја изгубат маалската харизма.

Минатата недела успеав да го убедам Јован, човекот кој стои позади „Hellthy“ (вистински љубител на добра храна, кој прави сè самиот и целосно се има вложено во локалот), да направиме неколку фотографии и да го додадеме неговиот смути-бар кон препораките во рамки на Месецот на храна на Reborn.

Па заедно со Ана Ежова и нашиот нов фотограф, Јане, викендов бевме во „Hellthy“ да го дегустираме целото мени и да ги прогласиме вистинските ѕвезди. Ова се трите работи кои веруваме дека ќе му се допаднат на секој гурман.

 

 

Чиа пудинг

Да, можеби чиа пудинг беше откритие во 2015, но тоа е тотално небитно во овој случај. Ова не е чиа пудинг што можеш да го најдеш во било која продавница за здрава храна и кој лесно можеш да го направиш сам дома. Јован има направено свој специфичен, неверојатен микс на чиа семки, мед, овес, бадемово млеко и уште пар состојки кои не можам да ги идентификувам. Неважно кој е неговиот таен сос, ова е дефинитивно најдобриот чиа пудинг што некогаш сум го јадел. Без конкуренција.

 

 

 

Туна салата

Уште едно јадење кое можеби звучи едноставно, но не е. Веројатно и затоа градов е исполнет со досадни, суви туна салати, кои ја прават туната „јадење за најадување“, а не задоволство. Но тоа не важи во случајот на „Hellthy“, зашто нивната туна салата е мојата искрена #1 препорака за салата-јадачите. Подеднакво вкусна и нутритивна.

 

 

 

Сендвич

Никој специфичен, едноставно сите сендвичи на менито. Ова е јадењето кое докажува колку внимание е посветено на секое парче храна што се приготвува во „Hellthy“. Можеби звучи банално, но не ја потценувај уметноста на добриот сендвич, зашто италијанскиот панини-мајстор, за кој луѓе патуваат илјадници километри, ќе се навреди.

За кој сендвич и да се одлучиш нема да погрешиш и ќе се изненадиш од тоа колку вкус може да содржи едноставен сендвич. Јован вели дека тајната е во домашниот леб, направен од локална баба, која го приготвува во нејзината кујна.

Photography: Jane Nikolovski

 

Hellthy“ (also known as Healthy as Hell) is one of those neighborhood places that has been around for a few years, and even though it’s right there in the heart of Debar Maalo where you’ve passed by hundreds of times, it is very possible that you might just have missed it.

The place, like its overall scent and philosophy, is not loud. It’s a tranquil and harmonious mom-and-pop shop quite well camouflaged behind the dozens of parked cars on and around the sidewalk of Orce Nikolov.

This setup, for better or worse, is precisely one of the alluring characteristics of the shop. When I first stumbled into it, I felt I had perhaps discovered a great neighborhood secret. And my gut was right, it was indeed a great discovery.

 

 

Hellthy is really close to our office, so in the last few months I go there almost daily. And though I love that the spot is well disguised and not a Skopje trend, I still felt that it is Reborn’s duty to share with you, our readers, great things we discover in our city… even if it comes at a risk of them potentially changing (and losing their original charm) after the buzz and publicity.

With this in mind, one day last week I convinced Jovan, it’s creator (a true food lover himself that makes everything from scratch and appears to has put his soul in his location), to let us come take a few pictures of Hellthy and plug it as one of the places you have to try during Reborn food month.

Together with Ana Ezova and our newest photographer, Jane, we went to taste-test Hellthy’s offerings to find the real stars of the menu. These are the three things we believe every foodie must try.

 

 

Chia Pudding

I know what you are thinking “chia pudding… come on Reborn, that’s so 2015”. Fair criticism, but you are wrong. This is not your typical chia pudding that sells at every other “health store” and you can easily imitate at home. Jovan has created some miraculous blend of chia seeds, honey, blended oats, almond milk and a few other ingredients I can’t quite figure out. It doesn’t matter what his secret sauce is, all that matters is that this is hands down the best chia pudding I’ve ever had. No bullshit.

 

 

 

Tuna Salad

You can buy tuna salad anywhere… sure. But the truth is that the taste of most tuna salads makes you think of the racks of discounted tuna cans at the supermarket. It’s food for function, not pleasure. Not at Hellthy. Their tuna salad is my #1 lunch recommendation for salad people. A truly delicious, yet nutritious treat.

 

 

 

Sandwich

Last on my list of recommendations is their sandwich. Again, a seemingly simple item from a distance, but then when and where was the last amazing sandwich you ate out? Try any of the sandwiches at Hellthy and you will be surprised by how much flavor a simple sandwich can have. Jovan says, the secret is their bread – it’s homemade by a local baker, a grandmother that makes the bread in her kitchen oven.


 

Comments

comments