За сите фанови на приказните и легендите од древниот Египет, имаме една која најверојатно не сте ја слушнале досега.

Имено, по течението на реката Нил меѓу пирамидите и фараоните, Египќанките практикувале да ја пијат плунката од камилите како стар метод на контрацепција.

Илјадници години потоа, по течението на реката Вардар меѓу висококатниците и модерното општество, за жал девојките сè уште немаат пристап до контрацепција.

За истите овие проблеми, недостапноста и за високите цени со кои се соочуваат младите во Македонија раскажуваат младите од ХЕРА.

 

Камили немаме, но имаме ли контрацепција?

Легендата вели дека Старите Египќанки имале обичај да ја пијат плунката од камилите како метод на контрацепција. Илјадници години подоцна, младите во Македонија немаат пристап од контрацепција. Второво не е легенда.

Ако не верувате, погледнето го видеото на #ХЕРАМлади преку кое по којзнае кој пат алармираат дека итно ни треба сеопфатно сексуално образование ако сакаме да живееме во здраво општество во кое секоја бременост ќе биде планирана и посакувана.

#ХЕРАмлади #МладитеБараат #CSEambassadors

Posted by H.E.R.A. on Thursday, February 15, 2018

 

ХЕРА Млади е младинската група на Х.Е.Р.А. составена од волонтери и активисти кои секојдневно работат на подигањето на свест за теми кои се од големо значење за сите нас. Преку радио емисија, врснички едукации и многу други активности, тие даваат активен придонес за подобрувањето на сексуалното и репродуктивно здравје на младите во Македонија.

Токму oва видео е уште еден нивен креативен крик со кој алармираат дека на младите под итно им треба поголема информираност, права и пристап, како за контрацепција, така и за сеопфатното сексуалното образование.

 

Comments

comments