Видеото „Течение“ е дело на Мирослав Илиќ и е првото видео од проектот наречен „Хетеротопија“.

За идејата зад „Хетеротопија“ и што проектот претставува, Илиќ ни објасни дека:

„Станува збор за експериментален видео проект со постмодернистички пристап кој опфаќа музички изведби на неафирмирани македонски алтернативни соло артисти или бендови и инсталации на македонски уметници. И покрај некохерентната хаотичност, индиферентните и едноставни визуелни елементи евоцираат чувства на меланхоличност и интимност.“

Илиќ исто така додава дека називот „хетеротопија“ никогаш немал конкретна дефиниција. Го користел францускиот филозоф Мишел Фуко, кој го објаснува како имагинарен простор во кој заемно дејствуваат повеќе фрагметирани светови.„Хетеропија се сите оние реални места, простори, рефлексии, амбиенти, групи на луѓе кои иако се физички ентитет сепак содржат нереални елементи кои ние според доживувањето ги проектираме во тој момент и ни овозможуваат послободно субјективно интерпретирање на моментот“.

Во првиот дел од проектот, „Течение“, опфатена е водата како движечки елемент на дејството и апотеоза на природата и се што произлегува од неа. Во овој дел опфатена е инсталација на Ива Станковска која и воедно е арт директор на овој проект и музичката изведба „Dripping“ на Ива Јованова и Љубен Дерибан кои се исто така членови на Contact 59.

 

Comments

comments