После 9 настани, секој различен по концепт, од ѕид со крофни и фешн шоу па се до арт инсталација и журка на скејт парк, на 1 ноември во Излет се оддржа „Hexagon“, десетиот настан од серијалот наречен NeulandNights кои го реализиравме во соработка со Neuland.

„Hexagon“ беше дело на Edit points (Филип Коруновски и Борче Конзулов) тим на креативци од Велес кои создаваат видео визуелизации и интервенираат во просторот со истите, кои успеаа да и дадат еден посебен шмек на терасата на Излет.

За доживувањето да биде целосно, свој придонес дадоа и Uzun Brothers кои совршено се приклучија кон приказната на „Hexagon“.

„Hexagon“ беше последниот во овој серијал на настани организирани со Neuland – мултисензорната платформа, која има за цел да им даде прилика на локалните уметници да ги поместат границите на добрата забава, нудејќи досега невидени интерпретации на звукот, вкусот и визуелните уметности.

Погледнете како поминаа претходните девет изданија, a веднаш потоа префрлете се на разгледување на галеријата со фотографии од последниот четврток.

 

 

Comments

comments