Видео: Димитар Попов и Михаил Намичев

 

Неодамна беше лансирана House of 1000 Designers (HOIOOOD), првата платформа за дизајн на продукти во Македонија.

По тој повод разговаравме со дел од тимот кој стои позади овој проект, за да ни раскажат што е точно идејата на нивната нова платформа.

Сите заинтересирани во продукт дизајн може да аплицираат на еден од конкурсите на HOIOOOD на веб-страницата www.ho1000d.com. Добрите идеи најпрвин ќе бидат наградени (300 евра), а потоа ќе влезат во процесот на развој на производ.

Проектот House of 1000 Designers е предводен од FEYDOM, а финансиски делумно поддржан од швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, претставува еден тип на дизајн инкубатор кој им нуди на сите заинтересирани дизајнери да се здобијат со потребното знаење и искуство за својот дизајн да го пласираат на пазарот.

Comments

comments