Викендов „Скопје танцовиот театар” ја имаше честа да биде првиот театар од Македонија кој учествувал на Holland Dance Festival, најпрестижниот фестивал од овој тип во Холандија.

„Скопје танцовиот театар” на 9 и 10 февруари се презентираше со две изведби на современо-танцовата претстава „Кожа” во Корзо театарот во Хаг, кој важи за еден од најпознатите културни институции кои негуваат современ израз на уметничката творба. Претставата „Кожа” беше во ист кош со артисти и претстави како Martha Graham Dance Company, Matz Ek, Ana Laguna, Jirzi Kylilan, претставата „Пиксел” и други.

Претставата „Кожа“, чиј уметнички директор е Рисима Рисимкин, е составена од три кратки кореографии: „Котел“ на Рисима Рисимкин и музика на Тони Китановски, „Погрешно“ на Адријана Данчевска и музика на групата „Верка“ и „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, чија музика е дело на Bajron Metkalf.

 

 

Во претставата играат: Матеја Киселичка, Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Анастасија Данчевска, Јована Зајкова, Сара Цветковска, Бобан Русески и Тереза Лазарев. Костимографијата е на Благој Мицевски, а мајстор на светло е Игор Георгиев.

Вредно е да се спомене дека сите претстави и изведби на „Скопје танцовиот театар” беа поздравени со долготрајни аплаузи од многубројната публика, меѓу кои беа и Simone Filipini, поранешната амбасадорка на Холандија во Македонија, амбасадорот на Македонија во Холандија, господинот Игор Попов, како и многубројни заначајни претставници од светот на танцот.

На директорот на „Holland Dance Festival” од страна на македонската делегација му беше подарена копија од златна маска од с. Требеништа, како знак на почит и понатамошна соработка.

 

Comments

comments