Видео: Reborn Studios
Камера, монтажа и After Effects: Михаил Намичев
Режија, графика и дизајн: Димитар Попов

 

Платформата за дизајн и развој на мебел, House of 1000 Designers, започнува серијал на кратки видеа кои ќе ги објавуваат еднаш неделно на својата Фејсбук страница. Секое од овие кратки (неколку минутни) видеа ќе ја следи приказната и развојот на одреден производ и дизајнерот кој стои зад него, односно секој степен од неговиот премин од идеја во финален продукт.

Во рамки на мини-серијалот ќе бидат објавени вкупно 6 кратки епизоди кои ќе ги раскажуваат сториите на 3 млади македонски дизајнери, победници на првата рунда на конкурси објавени на House of 1000 Designers, секој од нив посветен на дизајн на различно парче мебел.

Во видеата ќе се запознаете со Катерина Трпковска, која работи на нејзиниот дизајн на ламба, Антонио Станковиќ кој работи на својот дизајн на стол и Деа Беатовиќ која го претвора нејзиниот дизајн на работна станица во реален производ.

 

„Епизода 2“ ќе биде објавена во четврток (19 октомври)

 

Младите дизајнери ги користат просториите на Отвореното дизајн студио, сместени во објектот на FEYDOM во Визбегово и веќе докажаните процеси, тим и искуства на овој макдонски производител на мебел.

Целта на овој видео серијал е да ги претстави различните етапи од процесот на развој на едно парче мебел, да им покаже на сите заинтересирани дека за да аплицираат на конкурсите кои платформата ги објавува нема потреба да бидат професионални дизајнери и се разбира – уште еднаш да нагласи дека вратите на нивното Отворено дизајн студио се отворени за секого.

Видеата се снимени од Reborn Studios, а ќе бидат објавувани секој вторник на Facebook профилот на House of 1000 Designers и на Reborn.mk. Повеќе информации за проектот и за нивните активни конкурси за дизајн на мебел може да најдете на www.ho1000d.com.

 

Comments

comments