„Sacred Ground“ од Howling е албумот кој се погрижува моите денови да имаат совршен крај.

Албумот „Sacred Ground“ е колаборација на дуото Ry Cuming (познат како Ry x) и Frank Wiedemann. Станува збор за комбинација од австралиски изведувач-текстописец и германски техно продуцент.

„Sacred Ground“ е издаден (на 1-ви мај 2015 година) од продукциската куќа „Monkeytown Records Berlin“, веќе докажана со свои артисти како Moderat, Modeselektor и Siriusmo.

 

 

Албумот е производ од енергијата на двајца музичари кои функционираат на две спротивни страни на светот. Нивното прво заедничко дело е оригиналната верзија на „Howling“ (EP издадено во 2012 година) која ги собира сите позитивни критики во берлинската, електронска музичка сцена. „Howling“ е хипнотизирачко парче од електро-фолк варијанта, водено од нежна гитарска основа и проширено со електронска атмосфера. „Sacred Ground“’ е всушност продолжено дело, создадено со огромна и долготрајна Skype соработка, импровизација и искреност која нема никаков маркетинг план – можеби и затоа е толку добар.

 

 

Доколку сакате сонливи ехо ефекти, мелодични пијано акорди, или пак нешто кое целосно би можело да ги опушти мускулите и да ја забави работата на срцето, овој албум е правилниот избор. Преслушајте го и сонувајте добро.

 

Бонус

Неколку фотографии од нивното студио во Берлин.

 

Comments

comments