Дали на битолското сивило му дојде крајот? Изгледа дека не, но ако некој работи на случајот тоа се момците од Hybrid Minds Crew.

Hybrid Minds е уметничко-активистичка група на артисти од Битола, која работи во полето на аудио-визуелните уметности. Главна цел на групата е покривање на сивите површини во урбаните места.

 

 

Доказ за нивниот активизам се нивните две последни видеа. Првото видео е со еколошка порака која ја пренесуваат преку боење на изгорените дрва во подножјето на Пелистер, а додека пак второто видео е снимено во знак на протест кон сите безвкусно обоени трансформатори и други електрични уреди во градот.

 

 

Во видеата во улога на графити артисти се јавуваат Драган Милованов и Дарко Ристевски, фотографијата е на Александар Петровски, а камера и монтажа на Владе Бошковски.

 

Comments

comments