Тогаш кога мислиш дека си ја нашла совршената песна и ти се закочува телефонот на рипит, некако магично ти се појавуваат убавициве и сфаќаш дека е време за нов фаворит.

Lisa-Kaindé Diaz и Naomi Diaz, познати како Ibeyi (ee-bey-ee значи близначки во културата Yoruba од каде потекнува нивниот татко), се брилијантни сестри близначки со потекло од Куба, а родени и израснати во Париз. Тие имаат огромно влијание од музиката на нивниот починат татко Miguel „Anga” Díaz, бивши член на Buena Vista Social Club.

 

 

Со традиционални шпанско-кубански ударни инстументи како cajón и batá, со пијано и неверојатен вокал, мултикултурните бисери Ibeyi екпериментираат и прават неверојатен спој на традиционални и модерни звуци.

Пеат на англиски јазик и на Yoruba, а позади нив имаат неколку песни и спотови кои се доказ дека се на патот до огромна кариера како сериозно добро дуо.

 

 

Една од нивните најпознатите песни е River, но буквално сите други нивни песни се исто толку добри. Една од нив е и емотивната „Mama Says“, во чиј спот заедно со мајка им, се потсетуваат на огромната загуба на нивниот татко, сопруг и инспирација, Anga Díaz.

Fun fact: Beyoncе им е страсен фан, исто како и на сестрите Chloe & Halle, па голем број луѓе ги препознаваат како девојките од албумот Lemonade, каде Beyonce ги покани да се појават. Се надевам дека наскоро светот ќе ги запознае подобро и по нивните други многубројни квалитети.

 

 

Comments

comments