Теодора Митровска е македонски студент по моден дизајн во Лондон, а нејзиниот најнов проект е на тема „Идентитет“.

Теодора, со која разговаравме пред неколку месеци, е моден дизајнер од Скопје, која моментално живее и твори во Лондон. Нејзиниот последен проект, зададен од универзитетот на кој моментално студира, вклучува два аутфити, инспирирани од храбра мешавина на Балкански суб-култури – од традиционални носии и цветови, па сè до турбофолк, кич и Адидас тренерки.

Во рамки на овој проект, Теодора меѓу другото има изработено фотосесија во соработка со Ѓорѓи Десподов, како фотограф (со кој исто така неодамна објавивме интервју) и Вера и Искра од Aesthetics Illustrated, како модели на фотосесијата.

Проектот има за цел да опфати повеќе видови на идентитети, а во конкретниот случај тоа се културолошкиот и национален идентитет во кои се испреплетуваат традиционалното со елементи од современото, поконкретно оние современи аспекти кои важат за неинспиративни и кич. Креациите се целосна изработка на Теодора и реализирани минатата година.

За локација на фотосесијата е земена Јавна Соба, која според разговорот со Теа била одлична идеја на искусните Вера и Искра. А за тоа што фотосесијата се случила целосно спонтано и без однапред строго дефиниран концепт, Теодора вели дека:

„Фактот што фотосесијата како финален концепт и резултат нема никаква поврзаност со мојот дизајнерски концепт, укажува на тоа како одредена колекција може да се пренамени и реинтерпретира надвор од нејзината првична замисла.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments