IKEA, во колаборција со креативниот колектив Teenage Engineering, ќе пушти во производство серија на продукти (звучник, грамофон и лајтшоу), на која во фокус се домашните забави.

Jesper Kouthoofd, еден од основачите на Teenage Engineering, за оваа колаборација изјавува:

„Знаеме дека огромен број на млади швеѓани, кога се спремаат за домашна забава, сите потребни намирници како салветки, конфети и други додатоци ги купуваат во IKEA. Затоа во колаборација со IKEA решивме да им дадеме една нова опција, каде покрај додатоците, ќе можат на исто место да си ги купат и основните, неопходни предмети за добра домашна забава – звучник, грамофон и лајтшоу“.

 

 

Инаку, оваа колаборација е продолжение на првичната соработка помеѓу IKEA и Teenage Engineering, каде пред две години ја презентираа колекцијата FREKVENS.

 

Comments

comments