Во Reborn сме малку чудно опседнати со дизајн на постери. Од Таби Азири до Марко Манев, многу од нашите омилени македонски дизајнери ги докажаа своите вештини и целосно ја заслужија нашата љубов преку квалитетниот дизајн на постер.

Последен од постерите што не воодушевија е оној на графичкиот дизајнер Илија Димкоски. Дизајнот е целосно необичен и единствен по тоа што за креирање на постерот за музички настан, тој вклучи спој на хартија, силикон и гипс.

Со оглед на тоа што коренот на техно музиката како правец се поврзува со футуристички, експериментални и имагинативни теми, а колективот Room 313 ја негува таа нишка на звукот кој го застапува, задачата да се направи постер за нивниот настап остава простор за трагање по иновативен, алтернативен и нетрадиционален начин на поставување на визулениот изглед.

Сите оние што сакаат да уживаат во техно звуците се добредојдени на музичкиот настап на колективот Room 313 (MITRIKLTX и SAMARDZISKI со визуелна поддршка од Борче Конзулов и Филип Коруновски) закажан да се одржи на 24 декември (оваа сабота) на полноќ, во клуб Badaboom. Таму ќе може да ја видите и оригиналната верзија од постерот.

 


 

Comments

comments