Оваа статија е превземена од оkno.mk.

Архитектката Карина Пуенте од Лима, има оригинален личен проект: да го илустрира секој „невидлив“ град од романот „Невидливи градови“ на Итало Калвино, од 1972 година. Книгата, која е напишана во вид на имагинарни разговори меѓу венецијански истражувач Марко Поло и монголскиот владетел Кублај Кан, е инструментална во кадрирањето на врамени пристапи кон урбаниот дискурс и формата на градот.

Според Пуенте, која објавува шест цртежи од невидливите градови, „секоја илустрација има концептуален процес, и некои од нив одземаат повеќе време од другите.“ „Процесот на работа го почнувам со истражување, размислување и смислување на идејно решение за секој град поединечно, и сето тоа трае околу три недели пред да ги направам цртежите. За да се изработат конечните цртежи и исечоци потребна е уште една недела.“

„Илустрациите не се само нацртани. Користам различни типови на хартија и цртам на секоја од нив пред да ги исечам со специјални exacto ножеви. Сите цртежи се составени од слоеви хартија, кои се сечени и лепени.“

Despina

Деспина

 

57036952822a784c5a15c5ab

Анастасија

ISAURA

Исаура

Градови и сеќавања 1

Тргнувајќи оттаму и одејќи три дена накај Исток, човек се наоѓа пред Диомира, град со шеесет сребрени куполи, бронзени статуи од сите богови, улици поплочени со калај, кристален театар и златен петел што секое утро пее од една кула. Сите овие убавини патникот ги знае бидејќи ги видел и во други градови. Но, посебноста на овој град е во тоа што оној што во него ќе пристигне во една септемвриска вечер, кога деновите се скратуваат, а сите разнобојни светилки наеднаш се запалуваат на вратите од пекарниците и од терасата еден женски глас извикува: уф! добива желба да им завидува на оние што сега помислуваат дека веќе доживеале некоја слична вечер и дека тогаш биле среќни.

Извадок од книгата „Невидливи градови/Замокот на вкрстените судбини“ од Итало Калвино.

 

6(586)

Диомира

 

Comments

comments