Екипата која стои зад претставата„Бела болест“ реши да не чека на институциите и започна кампања со која бара поддршка од светот, вклучувајќи ја и твојата.

Претставата на апсолвентот Горјан Аревски не доби поддршка од културните институции во Македонија, поради што тимот се одлучи да креира кампања за прибирање на потребните средства. Кампањата е креирана на платформата Indiegogo и е отворена за донирање до средината на месец јули. Поставувањето на претставата ќе биде наесен.

„Уметноста има моќ да направи промени, но само ако е искрена и посветена“, се вели во кампањата.

 

 

Драмата „Бела болест“ е дело на чешкиот писател Карел Чапек. Се работи за текст кој досега не е поставуван во Македонија, но целосно е погоден и критичен кон денешниот, модерниот свет.

Поголемиот дел од актерската екипа се студенти на Факултетот за Драмски Уметности, скоро дипломирани студенти како и неколку повозрасни актери. Соработниците на претставата се исто така млади, главно студенти на музика, продукција, архитектура, костимографија, филмска режија. Најголемиот дел од собраните средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците околу сценографијата и костимографијата.

Доколку сакате да ја поддржете и да и помогнете на оваа група ентузијасти, тоа можете да го направите тука.

 

Comments

comments