Видео: Елена Героска (ReProduction)
Музика: The John — Слобода

 

Изминатава сабота, на просторот каде што е склуптурата Јас и Ти во Дебар Маало бевме дел од изложбата: „Celebrate Life / Емигрирани во Слобода“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g.

Покрај тоа што имаше изложба на неговите цртежи истотака беше претставена и најновата лимитирана колекција на облека, беџови и налепници под веќе познатиот бренд „Celebrate Life”.

Последниве години сведочат како луѓето, кои имаат сопствен став и се разликуваат од околината се осудени на отфрлање – и затоа емигрираат. Изложбата ги критикува едноумието и дискриминацијата кои го запоседнуват нашето секојдневие.

„Емигрирани во слобода” се птици, цртани со акрил на картонски отпадоци пронајдени на улиците низ Скопје. Секоја од нив го третира чувството на отфрленост на луѓето во својата средина и отфрлањето на истата со цел подобра иднина. Репресијата е пресликана во една поинаква варијанта, коментирајќи го и нашиот елементарен недостаток на грижа за животната средина – преку птици кои се симбол на слободата, човековите права, родовата еднаквост и надежта.

Изложбата е дел од програмата „Културни приказни на Делегацијата на Европската Унија”. По отворањето на 4ти јуни, изложбата ќе биде поставена од 6ти до 17ти јуни во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје.

Погледнете го видеото преку кое се потрудивме да ви ја пренесеме атмосферата од изложбата, на сите оние што беа и оние кои немаа можност да бидат дел од овој настан.

 

Comments

comments