Што го прави еден инстаграм профил добар?

Сигурно нема еден точен одговор, и е целосно субјективно, но според мене три работи се клучни за еден профил да отскокне од останатите: креативност, конзистентност и искрен/оригинален глас.

Пред некоја недела го започнуваме нашиот нов серијал на написи во кој споделуваме вистински креативните и одлични инстаграм фотографии, направени од талентирани локалци.

Во вториот по ред ваков напис се одлучивме за Бето Идризи (@bettoi). Оддамна го следам и уште кога прв пат го приметив, забележав дека има специфичен и ретко добар осет за естетика. Некои од неговите дела ме потсеќаат на сцени од Inception, други на сцени од Arrival, а некои на колажите на Eugenia Loli.

Бето е одличен фотограф, но уште поважно е тоа дека е многу добар во пост-продукција и графички дизајн. Таа комбинација му дозволува да прави фантастични надреални фотографии. Колку што можам да забележам, неговите дела стануваат сè подобри и подобри (од кога јас го следам). Затоа мислам дека Бето е само на почеток и дека тек ќе созрева во неговиот вистински потенцијал.

Ова се неколку од моите омилени фотографии:

 

 

 

Both sides are true

A post shared by betto idrizi (@bettoi) on

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments