Предупредување: Не го гледај на гладно срце профилот кој го препорачуваме.

Затоа што официјално @cuklev ни е омилен македонски #foodporn инстаграмџија. Качивме 3-4 кила само во текот на спремањето на овој текст, затоа што не можевме да прекинеме да мислиме на (добра) храна.

Даниел е роден во доцни 80-ти, обожава фотографирање, добра клубска музика, слободно изразување и уметност. Живее во Миравци, работи како фриленсер, а активно фотографира повеќе од 5 години.

 

1. Со каков апарат фотографираш?

Canon 600D.

 

2. Како и зошто се одлучи да се посветиш на фотографија на храна

Готвењето е дел од моето секојдневие, посебна одлука не сум направил. Тоа ме исполнува. Приказот на сето тоа преку добра фотографија го прави концептот целосен.

 

3. Колку време посветуваш во усовршување на секој детал на фотографијата и храната? Со други зборови, колку време е потребно за целосно да се изработи една добра фотографија за храна?

Првично за да се изработи добра фотографија мора да има обмислена селекција на состојките како и нивна комбинација. Нивната подготовка е временски различна но фотографирањето секогаш бара време за ускладување на бојата, текстурата, нивната поставеност и додатниот прибор.

 

4. Од каде учиш да фотографираш, а од каде да готвиш?

Желбата за готвење постои години наназад, интензивирана и активна последните две години. Секојдневното фотографирање ми овозможува познавање на фотографијата и нејзино усовршување.

 

5. Колку време си вегетаријанец?

Последните неколку години.

 

6. Кои македонски Инстаграм профили ти се омилени?

Профили кои го задржуваат моето внимание се: @skopjesenosi, @reborn.mk и @aaaesthete.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments