Што го прави еден инстаграм профил добар?

Сигурно нема еден точен одговор, и е целосно субјективно, но според мене три работи се клучни за еден профил да отскокне од останатите: креативност, конзистентност и искрен/оригинален глас.

Пред неколку месеци го започнуваме нашиот нов серијал на написи во кој ги споделуваме вистински креативните и одлични инстаграм фотографии, направени од талентирани локалци. Во третиот по ред ваков напис (првите две беа Борјана и Бето) се одлучивме за Јане Николоски (@iksolokin).

Јане има 24 години. За време на работната недела живее во Прилеп, а за викенд во Скопје. Моментално е на втор циклус студии и работи во сметководствена фирма. Фотографира веќе 6 години, „чисто рекреативно како outlet за недостатокот од креативност и можност за изразување во работата која ја работам.“

 

1. Со каков апарат фотографираш?

Nikon D3300 (entry level DSLR), објективот е 18-55mm 1:3.5-5.6 G.

 

2. Инстаграм слики или сторис?

Без двоумење, Инстаграм слики.

 

3. Хаштази кои често ги користиш?

Најкористени би рекол дека се: #rebornphoto (wink wink), #lookslikefilm, #postthepeople, #photo_collective.

 

4. Која ти е моментална инстаграм инспирација?

@andreafaccio.

 

5. Кажи ни три македонски инстаграм профили кои треба да ги следиме.

Здраво јас сум Јане и сум @аааesthete’s biggest fan така да: @aaaesthete, @aaaesthete и не знам дали ја спомнав – @аааеsthete.

 

6. Дали имаш омилена своја фотографија?

Бројот на омилени фотографии не би можел да го претставам со една цифра затоа што се менува со секоја наредна фотографија, но доколку морам да издвојам една, тоа би била следната:

 

 

 

Ова се неколку од моите омилени фотографии од Јане:

 

monumental

A post shared by ɴɪᴋᴏʟᴏsᴋɪ ᴊᴀɴᴇ (@iksolokin) on

 

embroidery

A post shared by ɴɪᴋᴏʟᴏsᴋɪ ᴊᴀɴᴇ (@iksolokin) on

 

 

thread carefully

A post shared by ɴɪᴋᴏʟᴏsᴋɪ ᴊᴀɴᴇ (@iksolokin) on

 

 

🦕 @vasilevska_elena

A post shared by ɴɪᴋᴏʟᴏsᴋɪ ᴊᴀɴᴇ (@iksolokin) on

 

Comments

comments