Во четвртиот по ред македонски Инстаграм профил што треба да го следиш се одлучивме да го споделиме оној на Рашела Ристовска (@rashelaa). Претходно ги препорачавме профилите на БорјанаБето и Јане.

Рашела е од Тетово и е наставничка по англиски јазик во основно училиште. Ја следиме уште од деновите на #rebornphoto и тоа што најмногу ни се допаѓа е што има одредена конзистенција во боја, тон и светло во нејзините фотографии.

Запознај ја Рашела подобро преку нашиот краток разговор со неа, а подолу се и неколку од нашите омилени нејзини фотографии.

 

1. Со каков апарат фотографираш?

Canon 1300D, објектив 50mm.

 

2. Која ти е моментална Инстаграм инспирација?

Има многу! Инстаграм е преполн со добар контент ако бараш „подлабоко“ од search feed. Некои од оние кои ги следам се: @ryanmuirhead, @desillusion, @ryshorosky, @robbiel1, @sebzanella.

 

3. Најсреќна сум кога сликам ____________.

Ова е лесно! Луѓе и природа. Мислам дека убавината на природата треба секогаш да се документира бидејќи е лесно менлива. Тоа што го гледаме денес, нема да биде исто за 20 или 30 години од сега. А луѓе затоа што, да бидеме реални, сите сме уникатни и убави на различен начин. Во последно време сум исто така опседната и со кадри кои ме потсетуваат на 70-тите или 80-тите и сум во постојана потрага по добри ретро локации.

 

4. Кажи ни неколку мк инстаграм профили кои треба да ги следиме.

@kristina.nanovik и @avtopat.

 

5. Дали имаш омилена своја фотографија? Може да ни ја раскажеш приказната зад неа?

Често експериментирам со авто портрети, бидејќи така се чуствувам најудобно и затоа што самата најдобро знам што сакам да доловам. За мене ова претставува еден процес на само-откривање.

Сакам да експирементирам и со шминка, контрасти и тоналитет, па тука се прикажани моите 2 омилени бои покрај црната – темно зелена и портокалова. Исто интересно е што на оваа фотографија е страната на моето лице која, не знам зашто, но обично избегнувам да ја фотографирам. Да заокружам – глумам некаков тип на бунтовник кој не ги следи нормите на убавина. Верувам дека овој уште долго ќе биде еден од моите омилени портрети.

 

 

6. Знаеме дека си голем филмоман. Кој е последниот филм што си го гледала, кој ти оставил силен визуелен впечаток?

Да, дефинитивно сум голем фан на филмот. Секогаш ме инспирирале добри сцени, светлосно, композициски и суштински. Навлечена сум на добар кадар и како тој е поставен. Сакам мистерија и надреализам и секогаш барам смисла и длабочина во тоа што е пред мене. Така и со фотографијата, веќе одамна се обудувам да импровизирам колку што можам.

Последен филм што сум го гледала кој ми оставил силен впечаток е The Killing of a Sacred Deer. Не мислам дека тематски е неверојатен, но сниман е на многу невообичаен начин. Режисерот, истиот кој го направи Lobster, има специфичен, чуден стил. Исто така, неодамна го гледав и Mother, кој доби многу негативни критики, но кој според мене има одлична порака. А како последен ќе го напоменам Beyond the Black Rainbow кој има многу добри кадри и композиција.

 

Еве неколку од моите омилени фотографии од Рашела:
View this post on Instagram

Park Avenue 🌵

A post shared by @ rashelaa on

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments