Колку и да звучи егоцентрично и нарцисистички, луѓето отсекогаш имале вродена потреба да остават свој печат што ќе каже: „Јас бев тука“.

Овој копнеж да се биде виден е можеби главниот мотиватор зад поголем дел од уметноста (од сликање и литература, до поезија и музика) досега создадена.

Денес, преку социјалните медиуми и апликациите за фотографија, секој од нас може да каже што има на ум, да сподели нешто од себе кое директно или индиректно ја бележи неговата физичка и ментална состојба. А најверојатно и причината за неверојатниот успех на социјалните медиуми е тоа што ја нагласуваат идејата дека – секој еден од нас е ѕвезда на својот филм и центар на својот универзум.

Многу артисти го препознаа потенцијалот на социјалните медиуми, а особено оној на Инстаграм (имаме одличен пример од еден оваков уметник во Reborn Ликвои епизода #4).

Досега сигурно примети дека едно од нашите омилени хобија (и изговор за да киснеме на интернет) е да ги пронајдеме квалитетните инстаграмџии и споделиме со вас (пратите #rebornphoto?).

Така што отсега, еднаш во неделата, Reborn ќе споделува по еден Инстаграм профил (од локален или глобален артист) кој нè инспирира и кој мислиме дека вреди да се следи. Дали се тоа портрети, пејсажи, архитектура или мода, секој од овие профили редовно споделува прекрасни фотографии, па бидете сигурни дека ќе најдете некој нов онлајн лик што ќе го направи вашиот feed интересен.

Оваа недела ви ја преставуваме Tasha Alakoz24 годишна девојка од Латвија, инаку визуелен артист, фотограф и уметнички директор. Нејзината естетика ВРИШТИ од фанки бои кои нè потсеќаат на Swatch POP часовниците, а препознатлива е по своите авто-портрети.

Погледнете неколку од нејзините дела, а за повеќе, следете ја Tasha на Инстаграм.

 

Tasha-Alakoz-photography-ShockBlast-12

 

 

13166819_606361059542420_1655648032_n

 

11350843_1647174138896943_1438796517_n

 

13694375_1783576498588852_1170618676_n

 

13649310_1822215277991997_1416743453_n

 

13768274_836052406494531_1587867280_n

 

10890706_447046382145723_446286996_n

 

Tasha-Alakoz-photography-ShockBlast-13

 

Comments

comments