На 29-ти мaj од 18.00 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје ќе се одржи петтиот InTech meetup организиран од страна на InPlayer.

Фокусот и темата на овогодинешниот InTech meetup е 20-годишнината од Open Source Software движењето што само по себе претставува значајна пресвртница во ИТ индустријата на глобално ниво.

На овој InTech meetup ќе имате прилика да ги слушнете мислењата на најистакнатите лидери во Open Source заедницата, Jan Wildeboer – EMEA Evangelist at Red Hat, Visar Zejnullahu – Free Software Macedonia и Sarah Novotny – Head of Open Source Strategy for Google Cloud Platform at Google. Тие ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство.

Местата се ограничени, за да учествуваш на митапот пријави се тука​.

 

Comments

comments