По успешно организирани и спроведени три InTech MeetUps, време е за InTechX поддржан од Massive Interactive.

Настанот кој ќе се одржи на 5 декември во 18 часот во просториите на Мкц клуб и ресторан, ќе им овозможи на посетителите да слушнат и научат повеќе за некои од клучните фигури во Massive Interactive.

На овој бесплатен настан, Philippe Elsass, директор на UI Architecture во Massive Interactive, ќе зборува на тема „Multi-platform UI, from Hybrid to Native”. Тој со присутните ќе ги сподели предизвиците со кои Massive Interactive се има соочено при преминувањето од од хибриден кон целосно нативен UI development наменет за голем број на уреди.

Покрај Philippe, Andrew Kazyrevich ќе зборува за „The Bleeding Edge of .NET Development” и ќе се обиде да ги разбие митовите дека .NET заостанува зад другите модерни програмски јазици. Alex Krupnov, пак, VP of Engineering, ќе сподели за најважните достигнувања и предизвици на Massive Interactive.

Овој настан е организиран од страна на InPlayer, а поддржан од Massive Interactive. Како поддржувачи на настанот се јавуваат и IT.mk, Piksel, Inovativnost.mk, Brainster, Семос едукација, Startup Macedonia, Reborn, Радио МОФ, Метрополис радио и Smartportal.mk.

Повеќе информации за регистрирација и учество на настанот има тука.

 

Comments

comments