Фотографии: Александра Костадиновска

Добиј копија од книгата „La Superba” на Ilja Leonard Pfeijffe, издадена од АНТОЛОГ – Книжевен центар. Лајкни го статусот на Facebook и тагни пријател (во Facebook коментар) на кого би му се допаднала оваа книга. Добитникот ќе биде одреден на 27.10.2017 (петок).

Во рамки на фестивалот на европската литература BookStar 17’, оваа недела во Скопје гостува холандскиот писател, Ilja Leonard Pfeijffer (Илја Леонард Фајфер), кој ќе се претстави со книгата „La Superba”. Доколку сакаш подобро да го запознаеш овој интересен и оригинален лик, тоа можеш да го направиш вечерва во 20 часот во МКЦ Клуб и ресторан, на отворањето на фестивалот. Доколку не успееш да стигнеш денес, утре (26.10.2017) во 11 часот можеш да дојдеш во книжарница Антолог во центар, и да им се придружиш на кафе со Ilja. Повеќе за програмата и настаните во рамки на BookStar 17’ можеш да дознаеш тука.

Ilja Leonard Pfeijffer е роден во Холандија, а моментално живее во Џенова, Италија. Се пробива на сцената со збирката поезија Of The Square Man во 1998 година. Тој е хумористичен и самокритичен, а ако нешто најмалку поседува тоа е тешкиот, елитистички и снобовски карактер кој некогаш го имаат интелектуалците.

Разговаравме токму со него, прочитај го интервјуто, а потоа прочитај ја и „La Superba“.

 

Во време кога на луѓето им треба повеќе од една причина за да прочитаат добра книга, кажи ни нешто повеќе за твоето дело La Superba, романот кој го издаде во 2013 година и со истиот ќе се презентираш на BookStar 17’. За каков тип на читатели е наменет овој роман?

Луѓето кои сакаат да читаат само заради забава, тогаш тие дефинитивно не треба да ја прочитаат мојата книга, иако знае да биде забавна и интересна на моменти. Луѓето кои сакаат да се релаксираат преку читање на интересна и предвидлива приказна, тогаш тие не треба ниту да ја допрат мојата книга, затоа што ќе се изгубат уште во првиот момент. Луѓето кои сакаат да си ги запечатат своите сфаќања и размислувања преку читање на нешто што само ќе им ги потврди веќе утврдените сфаќања и размислувања, треба да стојат „подалеку” од мојата книга, бидејќи ќе ги натера да се сомневаат во своите сфаќања и теории.

La Superba е книга за љубовта и потребата да припаѓаш некаде. Книга која ќе те натера да фантазираш за подобар живот некаде и истовремено да се изгубиш во таа фантазија. Книга за најстарата човекова приказна: миграција.

 

Ти си Холанѓанец, кој моментално живее и твори во Џенова, Италија и себе си се декларираш како „италофил”. Иако комплетно ја разбираме твојата љубов кон италијанските ствари, дали можеш малку подробно да ни ги објасниш омилените нешта кои те врзуваат за Италија и луѓето кои живеат во неа. Што најмногу те привлекува кај оваа земја?

Мора да разберете дека државата во која сум роден, Холандија е совршената држава. Таму не постојат проблеми. Се функционира перфектно. Неверојатно ефективна држава. Но сепак, Холандија е завршен проект како држава. Потребно е само оддржување на системот и тоа е сè. Холандија е совршено-досадна држава. За разлика од Холандија, кога пристигнав во Италија јас почуствував сензација на будење. Италија ми ја даде можноста и капацитетот да бидам повторно изненаден и вчудоневиден.

 

 

Дали твојот живот е екстремен како и твојата фантазија? Како поточно ги правеше истражувањата за проститутките, локалците и одметниците кои живеат во најлошите делови на Џенова, за целите на пишувањето на романот La Superba?

Мојот живот е далеку поекстремен од мојата фантазија. Всушност јас честопати треба да ги „намалам” моите животни искуства, затоа што во спротивно никој нема да ми верува на моите зборови. Конкретно за романот La Superba имам презентирано само мал дел од моите истражувања и анализи на проститутките и тешкиот живот во овој пристаништен град. Ако прераскажев се што сум видел и знам, тогаш најверојатно светот ќе беше шокиран, а јас затворен или уапсен.

 

Го погледнавме твојот ироничен биографски веб сајт, и омилен дел ни е моментот кога изјавуваш „Ги презирам сите холандски поети, бидејќи нивните обиди се мизерни и ме тераат на повраќање.” Како се случи создавањето на овој веб сајт? Која беше причината?

Оваа пародија беше креирана од еден поранешен мој непријател. Никој нема слушнато за него од тој момент и никогаш не беше пронајдено неговото тело.

 

За проектот „Скопје 2014” имаш изјавено дека е истовремено нереален и фасцинантен. Ние знаеме зошто е тоа така, но зошто ти мислиш така?

Во главно јас сум фасциниран од релациите фантазија-реалност, фикција-факти и моментот на бришење на границите помеѓу овие теми. Скоро се што пишувам има допирна точка со овие теми, на еден или друг начин. Овие теми се актуелни во светот. Во овој модерен свет премногу е тешко да направиш дистинкција помеѓу факт и фикција, помеѓу вистина и фантазија или помеѓу реалност и нереалност.

На проектот „Скопје 2014” гледам како на нешто неверојатно и фасцинантно затоа што изгледа е создаден како фата моргана на тоа бришење на границите помеѓу грубата и тешка реалност и фасцинантниот изум како што е самиот проект. Никогаш во животот не сум видел град каде што измислената, лажна и бесрамна историја е креирана со огромен степен на самодоверба.

„Скопје 2014” е нереален проект затоа што сите тие инволвирани во планирањето, дизајнирањето и градењето на сите тие статуи и споменици, измислувањето на барокна скопска традиција и историја, навистина верувале во тоа што го прават и создаваат. Просто неверојатно. Скопје е скоро-па-реален град.

 

 

Да се биде новелист или пак поет во 2017 година звучи како ризичен потег. Кажи ни како изгледа еден ден со писател. Дали книжевната издавачка индустрија е тешка и сурова? Дефинитивно изгледа тешка за нас кои сме надвор од тој свет. Како успеваш да преживееш и успешно да котираш во истата? Кој е најдобриот совет што би му го дал на оној кој е почетник во оваа писателска професија?

Да се биде поет и писател е најдобрата и истовремено најтешката професија на светот. Лесните професии се за медиокритите. Пишувањето бара многу храброст, и не само заради финансиските последици од изборот на професијата, туку особено затоа што е многу опасно да „нарачаш” за што да размислуваш и пишуваш за она што навистина ти е важно. Како писател треба да дојдеш што поблиску до вистината than what would be sound for lesser men. Тоа е како да го прифатиш постоењето на ангелот. Нејзината убавина може да те согори до пепел.

Мојот совет кон младите и надежни писатели е следниот: Вас ви треба љубовник и непријател. Изберете ги нив мудро, особено непријателот. Тој мора да биде достоен за важиот презир. А ако наоѓањето на љубовникот не ви оди баш лесно, тогаш непријателот ќе го направи тоа за вас.

 

Ако имаш можност да испиеш пијачка со 3 личности од светот на литературата (живи или починати) кои би биле тие? Зошто? Кои би биле темите на разговор?

Би сакал да делиме една Фанта со Lolita на Nabakov и со нејзе би разговарал на тоа како е да се биде наивен и моќен, двете работи кои не сум јас. Исто така би сакал да испијам по една кригла горчливо пиво со Dr. Watson и да разговараме за љубовта. Би сакал да одам на pub crawl со Alcibiades, Plutarch и другите и да збориме за метафизиката и како е да се живее опасно.

 

Comments

comments