Фотографии: Александра Костадиновска

 

Минатиот месец за спорт зборувавме со Иван Георгиев, а овој пат се одлучивме да ѕирнеме во животот на еден маратонец.   

Се запознавме и разговаравме за неговата пасија со Кокан Ајановски, повеќекратен шампион на Македонија во различни трчачки дисциплини, со повеќе од 30 настапи за македонската репрезентација на балкански, европски и светски натпреварувања. Ни раскажа како изгледа еден негов ден, како правилно да се исхрануваш ако си или не си навлезен во трчањето, кои патики се добри за трчање и најважното – како да се приготвиш за престојниот WizzAir Скопски Маратон 2018.

Овој текст во кој ја раскажуваме неговата приказна е прв од серијалот на написи направен во партнерство со Herbalife24, во кој ќе споделуваме профили на локални успешни спортисти. Herbalife24 е линија на 7 нутритивни продукти чија цел е овозможување на 24-часовна поддршка на спортистите, односно на комплетна нутритивна поддршка соодветна за конзумирање пред, за време на и после вежбање.

 

 

Кажи ни нешто повеќе за почетоците на твојата спортска кариера? Кога и како започна да се занимаваш со трчање? Дали пред да започнеш со трчање се занимаваше со некој друг спорт?

Цел живот спортувам, уште од основно училиште. Првата љубов ми беше кошарката и маалскиот баскет, но секогаш сум бил спортски активен 3-5 пати во неделата, вклучувајќи различни спортови како фудбал, велосипедизам, фитнес, пливање и други.

Неколку недели пред Скопскиот маратон, во 2008 година одлучив да пробам и да истрчам полумаратон (21,1км). Тогаш сосема случајно, без посебни подготовки, со помош на моето спортско минато, успеав да ја истрчам оваа трка. После тој ден, мојот живот целосно се промени на многу подобро, за да денес живеам живот за кој некогаш само сум сонувал!

 

Како физички и кондиционо се припремаш за честите натпревари, маратони и полумаратони? А како пак ментално се подготвуваш за големи настани и меѓународни натпреварувања?

Во текот на целата година редовно тренирам, без изговори. Трчам 6 пати неделно, а вежбам уште 3-5 пати. Постојано внимавам на исхраната, а исто така и континуирано посетувам СПА центри.

Менталната подготовка ми е неизбежен дел од подготовките, па затоа секогаш верувам во себе и во целите кои сакам да ги остварам, гледам мотивациони видеа, читам или слушам аудио книги за личен развој и се трудам секогаш чашата да ја гледам дека е до половина полна! Не живеам во минатото, но често се потсетувам на успесите кои сум ги направил и тие ми се мотив повеќе и нова инспирација дека ако сум успеал еднаш, ќе можам и повторно да го направам тоа.

 

 

Дали има некој кој би го издвоил како свој ментор? Зошто токму тој/таа?

Животот ме научи дека секогаш треба да се учи, а со особено внимание на луѓето кои ги сметаме за успешни и се пример за тоа какви сакаме да бидеме ние. Не можам да издвојам само една личност, затоа што сакам да учам и го правам тоа со многу луѓе кои со своите богати животни искуства го прават мојот живот да биде поквалитетен и поисполнет. Редовно и со големо задоволство учам од тие луѓе, независно дали се средби во живо или остварени контакти преку виртуелниот свет.

 

На кои спортски награди си особено горд и зошто? Кои се твоите предизвици и планови за во иднина?

Горд сум на тоа дека почнав рекреативно да трчам на 26 години, а до сега повеќе од 20 пати сум бил шампион на Македонија и имам повеќе од 30 настапи за македонската репрезентација на балкански, европски и светски натпреварувања.

Горд сум и на моето континуирано себенадминување низ годините. Моите предизвици и планови за во иднина се да се обидам и на овие години да бидам најдобрата верзија од себе си, да ги повторувам бројните успеси од минатото и се разбира, да додадам и нешто ново.

 

 

Кои се твоите совети за почетниците во трчањето кои сакаат соодветно да се подготват за престојниот Скопски Виз Ер Маратон? На што треба да внимаваат? Како треба да се исхрануваат? Колку време трае тренажниот процес?

Процесот на тренирање и подготовка зависи од нивните цели и нивната моментална психо-физичка состојба. Секогаш советувам, прво и најважно е да го засакаат трчањето и да трчаат со љубов, да не биде присилено и наметнато.

Само така ќе можат да имаат долготрајни резултати и да ја достигнат кулминацијата во уживањето додека трчаат. Нека трчањето им стане начин на живот и нека бидат благодарни дека имаат можност да трчаат. Исто така треба да внимаваат на исхраната како составен дел од успехот во спортот, рекреативен или професионален. Да негуваат позитивни мисли и да трчаат барем 3 пати неделно. За сите подетални информации, слободно може да ме контактираат.

 

Како најлесно да се избере вистинската патика за трчање? Кои се основните предуслови за една патика да ги задоволува основните критериуми на патика за трчање?

Најлесно е кога ќе се консултираме со луѓе кои вистински го разбираат трчањето и врз база на нивните искуства, надоградени со теориски познавања, ќе ни предложат која патика е најсоодветна за нашите цели и за нашиот стил на трчање. Најважно е секогаш патиката да биде за трчање, а никако за кошарка, фудбал, ракомет, тенис итн.

Вообичаено тоа е патика која ќе одговара на нашите потреби во трчањето, ќе биде соодветно мека, удобна и секогаш ќе ни дава чувство на задоволство кога ќе ја носиме.

 

 

Кој е најблагодарниот аспект на трчањето (*се мисли на што е most rewarding)? Особено кога трчаш на долги дистанци? На што мислиш додека трчаш?

Трчање на долги патеки, повеќе од 20 минути во текот на еден тренинг, секогаш и без исклучок, придонесува за неверојатно лично задоволство надополнето со голема среќа и самодоверба.

Трчањето ја спојува физичката активност заедно со медитацијата. Значи,сите љубители на овој спорт, медитираат трчајќи. Тие секогаш се на највисокото „wellness” ниво! Речиси секогаш трчам сам, па затоа најчесто и слушам музика за полесно и поинтересно да ми биде трчањето. Додека трчам или сум целосно фокусиран на тренингот, кога е некој тежок тренинг, или ако е нешто лесно, тогаш размислувам за моите тековни приватни и професионални обврски. Некогаш знам да одам и чекор повеќе и да размислувам за животот, да ја барам неговата смисла и секогаш да бидам благодарен што сум жив и здрав.

 

Како спортист сигурно внимаваш многу на исхраната. Кажи ни нешто повеќе за тоа – на кои работи внимаваш и како се храниш за да останеш во форма? Дали користиш некакви суплементи, доколку да, какви?

И од теоријата, но и од мое лично искуство сум се уверил дека исхраната влијае со 70-80% во успесите на сите спортисти. Баш затоа, секогаш се трудам во континуитет да внимавам на исхраната, а да не биде тоа само во одредени периоди од годината.

Од претходниот ден правам план на оброците што ќе ги јадам и не дозволувам да бидам изненаден, па да не бидам во можност да јадам храна што ја посакувам.

Јадам 5-6 пати во денот, без да се прејадувам или изгладнувам и пијам доволно вода за моите потреби. Ретко посегнувам по нездрава храна, а кога ќе се одлучам на таков чекор, секогаш е тоа е свесно и планирано. Редовно традиционалната исхрана ја балансирам со HERBALIFE исхраната, па веќе со години консумирам шејк, чај, гуарана, протеински чоколатца, изотоник, мултивитамини, омега и други производи од Herbalife.

Подетални информации за производите може да најдете тука.

 

Comments

comments