Врвни новинари истражувачи од BuzzFeed News, Google News Lab, La Republicca, Welt, Lupiga, од 25 до 27 октомври во Кино Култура ќе ги споделат своите искуства и филмови, во склоп на второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал.

Темата на годинешното издание ќе биде: „Вистината, лагите и лајковите“. А фестивалот ќе биде отворен со Jane Lytvynenko и истражувачкиот документарец на британската телевизија Channel 4, „Inside Facebook: Secrets of the Social Network“.

На второто издание на ИФФС, за прв пат ќе има и претставник на Google, Daniel Rzasa од програмата Google News Lab, кој ќе ги претстави можностите што најновите дигитални алатки им ги нудат на современите новинари.

Вториот фестивалски ден ќе биде посветен на медиумите и новинарството во Македонија и предизвиците на домашен терен. Ќе се дискутира со претставник од владиниот ПР, а ќе се разговара и со помлади, но и поискусни познати новинари од Македонија. Покрај документарците на СКУП и „Кадар“, ќе има и проекција на велешката бајка „Fake News Fairytale“ на лондонската режисерка Kate Stonehill.

Влезот за сите настани ќе биде бесплатен, а целосната програма и сите детали за настаните на ИФФС2 ќе бидат објавени наскоро.

Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА и партнерите ФЕС – Скопје.

 

Comments

comments