Ивана Манасиевска е студент на Филолошки факултет Скопје
Инстаграм: @1101020i
Фотографии: Елена Фиданска

 

 

 

1. Најдобро облечен филм е:

Многу ретко гледам филмови но еден којшто ми се допаднал ептен е „Fear and Loathing in Las Vegas“. Освен приказната, стилот на ликовите е премногу откачен и скроз би можела да се замислам себеси во некоја таква комбинација.

 

2. Ако треба да носам еден ист аутфит до крајот на животот тоа би било:

Најверојатно маичка, skinny jeans или шорц, штосни чорапи и патичиња.

 

 

3. Никогаш нема да го фрлам:

Thrasher-от, затоа што е парче кое најдолго ми било на wishlist.

 

4. Последно парче облека кое го купив е:

Timberland чизми.

 

 

5. Секогаш со себе носам:

Очила за сонце, без разлика дали има сонце, врне дожд, паѓа снег или е ноќ.

 

6. Деновите кога не знам што да облечам…:

Го растурам цел плакар и комбинирам сè што имам, на крај излегува комбинација која само тогаш ќе ја облечам и никогаш повеќе.

 

 

7. Дали спомнав дека сум:

Techno Viking, хаха, заљубена сум во техно музика и ова е прекарот кој го добив од еден драг пријател.

 

8. Во моментов сакам да поседувам:

Парче од Gosha Rubchinskiy или Stone Island.

 

 

9. Песна која ја слушам на рипит во моментов:

Larry Heard – The Sun Can’t Compare

 

10. Моментална инспирација:

Adrianne Ho.

 

 

Comments

comments