„Љубовникот“ е насловот на нoвиот краткометражен филм по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи. Она што е специфично е дека е снимен во манирот на старите неми филмови од 30-тите години на минатиот век.

Снимањето, кое се одвиваше во скопската населба Карпош 2, заврши пред неполни два месеци, а сега филмот е во завршна фаза на пост-продукција. Атмосферата на немиот филм е присутна на сите нивоа – снимање со 18 квадрати во минута, звучни ефекти, сценографија, костимографија, приод на камера, но и актерска игра со нагласена гестикулација својствена за тој период.

 

 

Филмот раскажува приказна за љубовен триаголник, а улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се: Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.

„Оваа нетипична филмска авантура за актуелното време има амбиција да потсети на филмската естетика од минатото, на големината на подвижните слики независно од тонот, и гледано од денешен аспект, гледачот да ја види таа сензација и натаму како свежа филмска форма.“, велат авторите.

Филмот е во продукција на „Скопје Филм Студио“а истиот е подржан од Агенцијата за филм на РМ.

 

Comments

comments