Денес (17 октомври), со почеток во 20.00 часот, во Музеј на Македонија ќе биде отворена изложбата „Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност“.

За првпат во Македонија ќе имаме можност да ги погледнеме традиционалните скулптури и маски, дел од африканските обреди. Благодарение на соработката со Музејот на африканската уметност во Белград, овие ритуални предмети ќе бидат изложени во Музеј на Македонија цели два месеци.

Во текот на изложбата, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со верувањата и обичаите на повеќе народи од Западна Африка, но исто така и со нивната исклучително богата уметност.

 

 

Изложените скулптури прикажуваат разни предци, митски ликови, духови на природата и кукли на плодноста, додека пак маските кои ќе бидат изложени биле користени во обредите на иницијација, погребите, култовите на плодноста или пак за заштита од злите духови. Покрај овие предмети, ќе бидат презентирани и ритуални ткаенини што ловците ги носеле за заштита од духовите, а девојките при нивната иницијација.

Во текот на овие два месеци, изложбата ќе биде проследена и со пропратна програма, во која ќе има предавања, прикажување на документарни и играни филмови, работилници и музика поврзани со африканската култура.

Повеќе информации може да најдете тука.

 

Comments

comments