Скопје полека, но безбедно, излегува од своето „детство” и е сè позаинтересирано за сопствената културолошка надградба (читај: изложби).

Токму Ина Михајлова (млада дизајнерка) е дел од масата која го „буди” Скопје од својот лош сон.

Станува збор за самостојна изложба (чие отворање ќе биде во Радио Бар на 22ри октомври од 21.00 часот) на илустрации во комбинација со храна и едноставни секојдневни предмети, каде создава серија на креативни и неочекувани композитни цртежи.

ina-izlozba

Ина за себе вели дека е „голем гурман што лошата храна ја користи за да направи нешто креативно и сатирично”. Оттаму ја црпи и инспирацијата и мисли дека токму преку цртежот како медиум се пренесува пораката да размислуваме поинаку за она што го гледаме и користиме секојдневно. Или можеби да потсети на нашите имагинативни способности од кога сме биле клинци.

Делата ќе бидат изложени до 31.10.2015 и ставени на продажба. Повеќе информации за изложбата може да најдете на настанот на Фејсбук.

 

Comments

comments