Добиј две рачно изработени ѕвончиња за велосипед од колекцијата „Ride Your Story“ на македонскиот бренд Just Because. Лајкни го статусот на Facebook и тагни пријател во коментар кој сакаш да го добие второто ѕвонче. Добитникот ќе биде одреден на 10 мај 2018 (четврток).

Вечерва (9 мај) во кафе барот Че, со почеток во 19.00 часот, ќе се одржи промоција од продажен карактер на рачно изработени ѕвончиња за велосипед Ride Your Story!.

После 10 години креативна работа и многу успешни настани и изложби, студиото Just Because закажува нова серија на убави настани. Серијата започнува со изложбата на рачно сликани ѕвончиња наречена „Ride Your Story!“ за која Нина Симовска, девојката која стои позади брендот изјавува:

„Идејата за сналикани ѕвончиња за велосипед трае веќе подолго време. Како производ го развивам веќе трета година и одлучив дека заслужува да добие свој настан. Изработката е специфична, најмногу заради нивниот облик, но и заради звукот кој што го произведуваат (поголем слој на боја го пригушува).“

На овој настан ќе бидат изложени и ѕвончиња кои се изработени во нова техника на негатив, односно со отстранување на слоеви на боја. Во иднина, ќе следуваат уште неколку производи во серијата аксесоари за велосипед и неколку изложби надвор од Македонија за кои подетални информации ќе споделиме наскоро.

 

 

Comments

comments