Денес, со почеток во 20.00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена архитектонската изложба „Скопските вертикали“.

Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои зад истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е да се придонесе кон повторната видливост на еден од заборавените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.

Во основа на истражувањето (проследено со публикација и изложба) е исто така желбата за подетално проучување на скопските висококатници, кули, производ на еден од доминантните модели на урбанизација и развој на европските градови во втората половина на 20-от век. Целта на трудот е подетално проучување на архитектурата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одредуваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои припаѓаат на периодот од 1950, па сè до доцните 80-ти години од минатиот век, кој истовремено е и најдинамичен период од историјата на развојот на Скопје.

 

Comments

comments