Денес со почеток од 20 часот, во галерискиот простор Галерија „КО-РА“ е отворањето на 5-тата самостојна изложба на уметникот Стефан Димовски.

На оваа изложба авторот ке се презентира со 40-тина дела во комбинирана техника и истата претставува еден експериментален приказ на можностите на акварелот како техника да се комбинира со други медиуми како акрилик, колаж, пастел, сепија, пигменти и останати медиуми.

Примарниот акцент е даден на акварелот, но во одредени сегменти и кај одредени дела доминира колажот, или пак само суптилно се надоврзува акриликот, сè тоа во зависност од моменталниот набој и експлозијата на енергија која се создава при цртањето.

Повеќето од делата се работени во 2017 година, но присутни се и дела од последните неколку години кои го прикажуваат континуитетот, а воедно и укажуваат на еволуцијата во творештвото.

 

Comments

comments