На 29.04.2018 (недела) со почеток во 14.00 часот во кафе барот Излет ќе се случи отворање на “Оној кој ќе зачува живот, го чува целиот свет – 13 причини зошто”, хуманитарна изложба на младата креативна уметница Христина Тарабунова.

Главната идеја и цел на оваа прва хуманитарната изложба на Христина Тарабунова е заеднички и сплотено неколку локални уметници и артисти, преку продажбата на парчињата од уметноста која ја изработуваат, да соберат средства и истите да ги донираат во Фондацијата „Златна Рипка“ која се грижи да го збогати детското искуство со надеж, сила и радост.

 

 

Кон идејата на Христина да проба да промени, посочи или подржи нечије мислење, се приклучија 10 уметници и тоа: Крсто Анастас Глигорјадис, Александар Поповски, Елена Кичевска, Roxenn, Em Ellephantski, Елена Ристовска, Снежана Донева Грбич, Марија Домазетовска, Милена Стевановска, Невенка Здравева.

За музичкиот дел ќе бидат задолжени диџеите Томи Бојаџи и Благоја Весковски.

Инаку ова е прва изложба на Христина од ваков карактер, а позади себе има уште една партнерска изложба со Крсто Анастас Глигорјадис, насловена како “Les veyx de la mama” која беше дел од концептуалната продавница “Wonderlust”.

 

Comments

comments