На 10 јули (вторник), во 20.30 часот, во Музеј на современа уметност, ќе се случи отворање на изложбата „Ти си мобилна архитектура“ на македонската уметница Ирена Пејовиќ.

Ирена Пејовиќ живее и работи во Њу Џерси. Дипломира и магистрира ликовна уметност на државниот универзитет „Монтклер“ во Њу Џерси.

Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина и др. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

 

 

„Ти си мобилна архитектура„ е мултисензорен настан кој кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, предлози, како што се: фотографскиот објект и звукот како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и организација на луѓето, и она што се појавува.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 18 јули.

 

Comments

comments