Секој град има едно парче што ја „носи“ неговата душа, за Скопје тоа дефинитивно е Старата турска чаршија.

Оваа сабота, Старата турска чаршија беше окупирана од нашиот добро познат дизајнер, уметник и активист Зоран Кардула, кој ни приреди одлично и незаборавно искуство.

Втората по ред самостојна изложба на Зоран Кардула, наречена „Жените и по некој маж”, вбројува вкупно 40 прекрасни дела и е реализирана по светски терк и правила, на одлично избрана локација (Чифте амам е фантастичен). Атмосферата на отворањето беше тотално опуштена и лежерна, а луѓето кои го зафатија секое парче од чаршиската калдрма се погрижија да добиеш чувство дека за момент не се наоѓаш повеќе во добро познатото Скопје, туку во некој харизматичен кварт на Истанбул.

Изложбата трае до 31 март, па доколку сè уште не си ја посетил, ти препорачувам да најдеш малку време и да го направиш тоа.   

 

Галерија

 

Comments

comments