Лансирана е нова петиција за да се промени името на пијалокот „Jack Daniels и Coca-Cola“ во „Lemmy“, во чест на починатиот легендарен музичар Lemmy Kilmister, фронтменoт на Motörhead (познат по неговата љубов кон вискито).

Петицијата е организирана преку веб страната Change.org и досега има собрано преку 20.000 потписи. Идејата зад сето ова е да „оддадеме почит на оваа вистинска Rock and Roll легенда”, изјавува креаторот на петицијата.

Lemmy Kilmister почина на 70 годинишна возраст (на 28ми декември 2015), само неколку дена од кога му бил дијагностициран рак.

Потпишете ја петицијата, па да пиеме по еден Lemmy со мраз.

 

Comments

comments