Новиот James Bond е само „spectre“ на неговите квалитетни претходници.

Отсекогаш бев повеќе Indiana Jones девојка. Најверојатно поради приказната за тоа како сопственикот на франшизата – Cubby Broccoli неколку пати го одбил Spielberg, кога побарал да режира James Bond дел, секогаш мислев дека мора да избереш страна: или си со Bond или со Indiana.

Го гледавме James Bond „Spectre“ премиерно, и иако не бевме воодушевени, во продолжение со вас ги споделуваме нашите омилени и не-толку-омилени аспекти од филмот.

Најсилни страни

Кастингот е одличен, Moneypenny и Mister Q се феноменални

Делува како највештите актери да се спакувани во една кутија. Christoph Waltz е можеби најталентираниот актер на денешницата, а Naomie Harris (Moneypenny) и Ben Whishaw (Mister Q) се најдоброто парче глума во овој филм.

 

7a235a0a612bb55c2900295496206ea9

Градовите во кои се одвива дејството се прекрасни

Почетната сцена на филмот, во која 007 своеволно лоцира италијански-терористи и го прави она што го прави најдобро, е прекрасна и ветувачка. Бев сигурна дека ќе морам да го обожавам филмот после неа. Затоа што единственото подобро нешто од Мексико Сити е Мексико Сити за време на Día de los Muertos.

Специјалните, FX ефекти се одлични

„Spectre“ е најдолгиот James Bond дел досега, но останува верен на она во што е најдобар – визуелните ефекти. Тоа што fx ефектите се дел од малкуте добри работи во овој филм предизвикува и поголема од вообичаената гордост за нашите сограѓани – Fx3x – македонската компанија за анимација и визуелни ефекти учествуваше во креирањето на визуелните ефекти во филмот, во соработка со MPC Technicolor од Лондон.

 

Најслаби страни

Талентот на актерите не е максимално искористен

Општо познато е дека глумата на даден актер зависи од вештините на режисерот. Иако звучи невозможно неверојатниот Christoph Waltz (еден од подобрите активни актери на денешницата) да делува плитко и евтино – тоа е случајот овој пат.

Улогите кои им се доделени на овие вешти актери се премногу проѕирни за тоа да биде во прилог на филмот. Andrew Scott (кој го глуми Mr. C), поради својата улога како Moriarty, инстантно оддава енергија на прикриен и подол негативец; Monica Bellucci (Lucia) и понатаму е сексипилната дама чија етика е на ниво „мојот сопруг само што почина, а јас рипам во кревет со непознат Британец“; а Christoph Waltz (Oberhauser) има премногу изразена фаца на негативец за некогаш да биде интересно да глуми негативец.

 

Искрено, скоро сè што овој филм има да понуди
е само остатоци од неговите квалитетни
претходници. Ова најверојатно е стапица за
секој кој би се нафатил да сними парче James
Bond за овие генерации. Шансите се дека ќе
завршиш џвакајќи ги добрите парчиња од
минатите 23 дела и потсетувајќи ја публиката
дека тие биле подобри.

Хуморот е проѕирен

Bond би бил едно многу поквалитетно парче забава кога наместо очигледниот, транспарентен хумор кој предизвикува час-по-биологија смеа кај гледачите тинејџери, филмот би бил исполнет со симпатичен, интелигентен, британски хумор.

Воведната песна е катастрофална

Возбудата од првата, прекрасна сцена нагло опаѓа со почетокот на воведната, ужасна песна која изгледа и звучи како интро на аргентински серијал за мачо-шпиуни.

Daniel Craig е најнехаризматичниот Bond досега

Една од работите, кои под дифолт би требало да дојдат со секој нареден Bond, е наивната харизма. Сo Craig тоа никогаш не бил случајот, тој сега повеќе од било кога изгледа како секој потег да го прави со пиштол на чело, што ги објаснува неговите неодамнешни изјави за недостиг на желба за снимање на повеќе James Bond делови.

 

Искрено, скоро сè што овој филм има да понуди е само остатоци од неговите квалитетни претходници. Ова најверојатно е стапица за секој кој би се нафатил да сними парче James Bond за овие генерации. Шансите се дека ќе завршиш џвакајќи ги добрите парчиња од минатите 23 дела и потсетувајќи ја публиката дека тие биле подобри. „Spectre“ е редок 007 филм кој не воведува ништо ново во приказната, но само гребе од сопствената историја.

 

Comments

comments