In Colour, дебитантското соло на Jamie xx, е албум кој си го наоѓа точното место во моменталниот културен распон.

Има една микросекунда пред рефренот во сите добри поп песни која го зголемува пулсот на исчекување. In Colour прави да го имате ова чувство константно. Албум за кој самото чекање е исто важно колку она што го чекате, албум во кој она што веќе се случило е исто важно како она кое допрва ќе се случи.

Jamie xx – Gosh

 

Она што веќе се случило во историјата на денс-музиката е почетната точка на Jamie xx (роден Jamie Smith). Очигледно, Smith е носталгичен за сцена која повеќе не постои. Во In Colour, тој немилосрдно и речиси опсесивно ја референцира раната Британска денс-музика. Сепак, неговиот финален продукт е доволно суптилен и флексибилен за да звучи како една сосема нова територија.

In Colour е албум кој си го наоѓа точното место во моменталниот културен распон. Со “I know There’s Gonna Be (Good Times),” Smith експлицитно изјавува дека негова цел била да направи летен хит и знаел дека тоа не може да го постигне сам. Затоа соработува со Young Thug & Popcaan. Комбинацијата е перфектен баланс – Smith е внимателен и точен, а вокалите на Young Thug се еластични и растурени.

Jamie XXSmith поминува време посетувајќи ја и сопствената историја, конкретно како продуцент и DJ на поп-триото The xx. Romy Madley Croft и Oliver Sim од The xx се појавуваат во In Colour, и нивните придонеси служат како лежачки полицајци во исцрпувачкото темпо на албумот.

Jamie xx – Loud Places

 

Во суштина, In Colour звучи како албум кој Smith чекал да биде направен од некој друг. Ова е албум направен од фан на денс музиката, како еден вид на светилиште кое оддава почит на минатото. И додека ѕидовите и вратите и прозорците на ова светилиште се собрани од други одамна заминати структури, суштината и конструкцијата е на Smith.

 

Comments

comments