Има две работи кои може први да ти паднат на памет кога ќе го видиш овој текст за Jane Birkin. Едната од нив е дизајнерската ташна од Hermes која е крстена по неа, втората е Serge Gainsbourg. Без разлика за која ќе се одлучи твојот памет, нема дискусија дека Jane ги задоволува сите критериуми за да биде наречена „мангупка”.

Другиот дел од приказната со ташната (кој е уште позабавен) е дека откако Jane гледала документарец за начинот на кој се изработува и суровоста нанесувана врз животните (а ние веќе знаеме и дека се дружи со Brigitte Bardot), побарала нејзиното презиме да биде тргнато од името на ташната.

Иако легендарната Birkin ташна никогаш не доби ново име, сите вмешани во оваа афера и во злоставувањето на животните добиле соодветни инспекции и казни.

tumblr_mtso9oAgAQ1qc9nbyo1_1280

Уметник кој со своите филмови нè тера да сонуваме, а со својот стил не потсетува на онаа тајна на неверојатна природна привлечност која со векови ја штитат французинките, а понекогаш и британките кои живеат во Франција.

Мој лек за пролетни-мини-депресии? Фотографии од Jane и Serge од јужна Франција, кои секогаш успеваат да го вратат мојот joie de vivre. Разгледај ги фотографиите кои ги одвоивме за да го вратиш и твојот.

 Фармерки и бела кошула (тексас од глава до пети, тексас јакна, тексас кошула). Секогаш. Секој ден.

jane-birkin-tony-frank001 (1)

 Кошули со подвиткани ракави (навистина изгледа покул и неформално)

TBT-STYLE-ICON-JANE-BIRKIN-LATEST-WRINKLE-20

 Ниски чизми над колена (може да си ги дозволи кога има нозе од два метра)

serge-gainsbourg-jane-birkin1970-c2a35000-c2a9-herman-selleslags-courtesy-of-88-gallery_low-res-copy

 Мини фустанчиња комбинирани со ниски чевли

54c04a3a73bc6_-_hbz-jane-birkin-1966-rexusa-778293a-lg

 Со добри балетанки скоро никогаш не можеш да згрешиш.

5

 Кратки шишки (мојата неостварена желба).

jane-birkin-02g

 За похрабрите од мене – корпа за пикник наместо ташна.

jane-birkin

 

 

 

Comments

comments