Деветгодишниот Јане Велковски живее за фубалот и покрај тоа што е врзан за количка со дијагноза Спинална Мускулна Атрофија (Spinal Muscular Atrophy – SMA).

Јане е херојот кој дефинитивно ја потресе македонската јавност и кој доби целосна подршка од фудбалските ѕвезди ширум Европа. А меѓу најгласните беа поранешната ѕвезда на Барселона, Реал Мадрид и Интер, Luis Figo кој на социјалните медиуми сподели слика од Јане, проследена со повик за поддршка. Од друга страна пак, мега-ѕвездата на Manchester United, Paul Pogba, одржа средба со младото момче и при снимањето на рекламата на УЕФА посветена на Јане, му подари потпишан дрес и покана за натпревар на Manchester United во Лигата на шампионите.

 

 

Покрај светските фудбалерски ѕвезди, Јане доби целосна подршка и признание од челниците на мак-фудбалот, кои му подарија дрес со број еден, а и подарок часовник од компанијата „Божиновски“.

Во превод, целата светска фудбалска јавност е запознаена и дава комплетна подршка на Јане, но единствениот проблем е лекот за неговата болест кој сè уште не се наоѓа на позитивната листа на лекови во Македонија.

Затоа нашата задача сега е да се потрудиме да ја подигнеме свеста кај надлежните институции во Македонија и заеднички да успееме во мисијата „овозможување на нормален и пристоен живот за Јане” и со тоа да му го оствариме сонот и тој еден ден да зачекори на фудбалските терени.

 

Comments

comments