Почнувајќи од денес (22 октомври), во наредните четири дена во Кинотека на Македонија ќе се прикажуваат современи јапонски филмови.

Проекциите на 12-то издание на Фестивалот на современ јапонски филм ќе започнат на 22 октомври со филмот „A living promise“ (2016). Во вторник (23 октомври) ќе биде прикажан „The Vancouver Asahi“ (2014), а во среда (24 октомври) филмот „Sing my Life“ (2016). Настанот ќе биде затворен во четврток (25 октомври) со филмот „A Sparkle of Life” од 2013 година.

 

 

Проекциите ќе бидат со почеток од 20 часот. Билетите се бесплатни, а истите ќе може да се резервираат од 16 до 19 часот на Билетарницата на Кинотека на Македонија или преку телефонскиот број 02/ 3065 968.

Фестивалот е во организација на Амбасадата на Јапонија.

 

Comments

comments