Во последно време некако работава и фокусот го свртевме накај филмската уметност. Дали тоа е поради нашата нова секција „Викенд филм препорака”, започнувањето на „Џифони Фестивал” или едноставно така се поклопија коцките, но како и да е – баш ни одговара оваа новонастаната „ситуација”.

Мотив плус за продолжување на овој наш „тренд” е новиот македонски филм, чија премиера е закажана за 2017 година, „Јавачи на коњи”.

Станува збор за приказна која го следи животот на тројца бездомници и она за што тие сонуваат, во споредба со тоа во каква реалност им минуваат деновите.

 

 

Сценариото е на Никола Кузелов, режија на Марјан Гавриловски, а директор на фотографија е Даниел Калач. Започнат е процесот на монтажа, кој го работи Златко Стровјановски, а музиката за филмот ќе ја компонира Бобан Апостолов.

Во главните улоги играат Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Попович.

 

Comments

comments