Прва асоцијација за серијата „Girls“? Jessa! Но, кога мислам на Girls мислам и на Њујорк, на многу пореална и ненашминкана верзија од Sex And The City, на талентираната Hannah.

Еве на пример, кога мислам на „Girls“ ми се враќа сликата како Hannah си го дупнува тапанчето во увото затоа што едноставно мора, нејзиниот „obsessive compulsive disorder“ и налага да го направи тоа. Кога мислам на „Girls“, мислам на проблеми и ситуации со кои се соочува млад човек во дваесетите и триесетите години од својот живот. А кога раскажувам за оваа серија не можам, а да не го спомнам Adam, многу откачениот лик Shoshanna, прекрасниот геј пријател Elijah и за мене многу здодевната Marnie.

 

episode-05-04-1920

 

„Girls“ е серија која раскажува за денешницата, за ноќниот живот, за различностите и убавината на истите, за целулитот, за другарството-недругарството, за несредените фамилијарни и љубовни односи. Раскажува за многу, многу несовршености кои се составен дел од брзото и несовршено секојдневие.

 

m9njm0

 

Несовршености (и од аспект на модата) кои знаат да се опасно слатки. Hannah и нејзините кратки парталчиња со кои гордо си ги покажува облините. Marnie без ниту една грешка во облеката, а сепак толку стерилна. Shoshanna која се надминува себеси на патувањето во Јапонија.

 

girls_ldunham_v_14jan13_theowenner_b

 

За победничка во категоријата „најоблечена” гласно ја прогласувам Jessa. Убавата Jessa, патем братучетка на Shoshanna и другарка на Hannah и Marnie, е ексцентрична храбра девојка со слободен дух и одличен стил. Авантуристка со зафркнато минато и по неколку пороци. Jessa е ликот кој, кога ја носи облеката, истата зборува сама за себе. Нејзините умешно скоцкани винтиџ комбинации раскажуваат приказна за девојката која ги носи. Зборуваат за нејзиниот карактер. Да се разбереме, не ни смее да е поинаку.

Jessa инаку Jemima Kirke во вистинскиот живот е ќерка на дизајнерката Loren Kirke сопственичка на њујоркшки винтиџ бутик Geminola, која патем ја облекуваше и Carrie Bradshaw во „Sex and the city“. 

Jessa умее револтот, гневот, очајот, среќата и рамнодушноста да ги „облече” во добри обувки и да засјае. Супер момент е да се потсетиме на неколку нејзини добри комбинации.

 

Girls: Jemima Kirke as Jessa Johansson

1920x0_mdfmi6

MTIwOTA5ODE2OTMwODI1MjQ2

2be2fecc62890d04f87d8bc7b84ae74c

 

Comments

comments