Денес инспирацијата нема да ја бркаме по улиците на Њујорк, пиаците на Италија или берлинското метро. Гледаме околу себе – 30 години порано.

Во 1985 мајка ми патуваше 7 саати (во еден правец) со воз до Солун – во Скопје немало старки. Се вратила со розеви старки до глужд, тексас сукња и тексас кошула. Во истиот момент татко ми патувал накај Трст по Левис 501 (ќе ги препознаете двајцата на една од сликите подолу). Во „Словенија Спорт“ се наоѓале Adidas, по Nike морало до Солун. Бутици од тој тип кај нас се појавиле многу подоцна. Прва продавница за фармерки која се отворила во Скопје била „Клуб 77“ во ГТЦ, а подоцна и „Лондза“ во Стара чаршија.

Поамбициозните идеа до Лондон за плочи. Зоран се зезна и на режисерот Наум Пановски му го нарача од Лондон третиот од Лед Цепелин, а Наум му рече „Немој тоа ѓубре, да ти ги донесам Џетро Тал?“. Денес сфаќа дека Наум бил во право.

Кога дојде првото шише Кока-кола во Скопје сите се подмочаа и си чуваа едно на полица дома. А кога дојде првата лименка – одма ја претворија во кутија за моливи.

Големи коси и уште поголеми наочари за сонце, подвиткани фармерки, паднати кошули на голи раменици и зелена Vespa Cosa. Фотографиите подолу (повеќето направени од Fedja Klaric по улиците на Сплит во 1985та) без проблем ќе го дополнат описот.  

 

Галерија (Поголемиот дел од фотографиите се на Fedja Klaric)

 

 

Comments

comments