Кога би можеле би направиле „година на храна“.

Иако кариерите како блогери за готвење решивме (за сега) да ги ставиме на пауза, одлучивме дека никој не може да не спречи доколку еден месец од годината и посветиме на добрата храна.

Ова не значи 30 дена споделување на рецепти. Иако, се разбира, ќе вклучиме и некоја идеја за лесни јадења. Замислата ни е јулските приказни, без разлика дали филмски препораки или листа на нашите омилени места во Милано, да делат еден заеднички актер.

Изборот на месецот не е случаен. Летото, на чело со јули, е делот од годината кога збунети од прекрасните сезонски јадења, забораваме дека ова е токму тој дел од годината кога треба да се соблечеме на плажа. И секогаш е исто – најпрвин пробуваме да се воздржиме, за неколку дена подоцна целосно да и се предадеме на храната под максимата дека „животот е прекраток за да јадеш лоша храна (и за да се облакаш досадно, но тоа за друг пат)“.

Покрај фокусот на оваа содржина, се разбира, ќе продолжиме со објавување на нашите секојдневни написи, чија единствена цел е промоција и поддршка на локалната култура.

Добредојде во месецот на храна на Reborn. Доколку имаш добра идеја за што не треба да заборавиме да вклучиме – пиши ни!

 

Comments

comments